Интересниот концепт на новата реклама за “Скопско“, заеднички проект на Меккен Скопје, продукција Кино Око а под режисерската палка на Милчо Манчевски неостана незабележана и од дел од светските медиуми.
Познатиот адвертајзинг портал AdWeek, во своето review (ЛИНК) на 90 секундниот реклама-филм режиран од Манчевски, овој концепт од неколку поврзани реклами го опишува како микс на интимни моменти со пријателите и очекувањето на судбината кои кулминираат со брак. Според AdWeek пораката е јасна : проблемите ги зајакнуваат врските помеѓу пријателите и лошите работи се избегнуваат со помош на најблиските, љубовта, помош од твоето соседство и секако, пивото кое ги поврзува сите. Авторот на текстот не штеди зборови и во потенцирањето на одличните кадри од Скопје.
Коментирајќи го амбиентот и динамиката на рекламата, Peter Mostert, главниот човек од компанијата Hooligan, која беше задолжена за пост-продукција на рекламите вели:
“Овие спотови jа опишуваат дарбата на Милчо за креирање на дела кои ги надминуваат традиционалните граници на филмот и адвертајзингот. Во ситуација кога многу пивски реклами стануваат клише, Манчевски нуди нешто ново и свежо, мајсторски доловувајќи го креативниот контекст на брендот“