Дури 63% од агенциите во Србија ги „извезуваат“ своите услуги, покажа резултатот на најновото истражување кое го спроведе порталот Marketing mreža во соработка со агенцијата MASMI Белград.
За повеќето испитаници соработката со странските клиенти (чие седиште не е во Србија) им донесува до 30% заработка. Како што навеле во истражувањето, воглавно работат за клиенти од регионот (62%) и Европа (28%), додека 7% работат за клиенти чие седиште е во Америка или Канада.
“Резултатите од истражувањето кое го спроведовме со истражувачката агенција MASMI Белград не се неочекувани. Интересен е податокот дека дури 37% од испитаниците навеле дека работата ја добиваат главно преку препорака и личен контакт, а само 5% на регуларни конкурси. Нешто повеќе од четвртина од испитаниците рекле дека клиентите ги добиваат преку агенциската мрежа, а 20% од нив, клиентите директно ги контактирале“, истакна Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža.
Како најголеми проблеми со кои се соочуваат во работата со странските клиенти, испитаниците ги навеле работата “на далечина“ (40%), неразбирањето и недоволното познавање на пазарот (35%), како и недоволното познавање на културата и навиките на потрошувачите (22%).
Повеќе од третина маркетинг и ПР професионалци од Србија сметаат дека извозниот потенцијал на нивната креативна индустрија е до 50%, додека главни адути, во однос на странските агенции, се сметаа квалитетот на идеите за помалку пари, како и флексибилност и прилагодивост на условите.
Истражувањето е спроведено на примерок од 206 професионалци од шест држави во регионот, а испитаници се стручњаци од областа на маркетингот и односите со јавноста, вработени во агенциите и комапниите. Резултатите од истражувањето се претставени на третиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2017, кој се одржа на 1 и 2 март во хотелот Crowne Plaza во Белград, во организација на порталот Marketing mreža.
Учесниците на панелот “Export-Import”, кој е одржан на форумот IZAZOV 2017, се сложиле дека српските креативци работат по истите принципи како што се работи секаде во светот, но можеби се уште агенциите во Србија не го согледуваат потенцијалот кој го имаат и не се занимаваат активно за пробивање на странските пазари, како и дека економската ситуација во земјата не е најпогодна за развој на извозниот потенцијал на оваа гранка на индустријата.
Покрај овие теми, на форумот IZAZOV 2017, се зборувало и за трендовите во интегрираните комуникации, состојбата на медискиот и маркетинг пазарот во земјите во регионот, во која мера сме подготвени да извезуваме креативни идеи, на кој начин ќе се трансформира струката во наредните неколку години, но и како да се изгради доверба помеѓу клиентите и агенциите.
Агенцијата Drive, која делува во рамките на I&F McCann Група, организирала панел на тема “365/24/7 содржина“, на којшто, помеѓу останатото, станало збор за тоа, што се разликуваат контент кампањите во однос на креирањето на 365/24/7 содржина за брендот, која е улогата на инфлуенсерите во денешните дигитални стратегии и кои се денешните креатори на содржината.
Посебен сегмент на форумот IZAZOV 2017 беше посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку разни видови на интерактивни работилници. Во текот на форумот, своите студии на случај на агенциите ги претставиле компаниите: Mercator S (IDEA), Vip Mobile, Eurobank, Carnex, IKEA Србија, AVON, Sberbank, Delhaize Србија, Војводинска банка, Microsoft, Lufthansa Србија и многу други.
Форумот IZAZOV 2017 го поддржаа агенциите Pioniri Communications, Ovation BBDO, Headline, MASMI Beograd, Direct Media, I&F McCann Grupa, DPC Group, Mullen Lowe&Friends, како и компаниите Vip Mobile, Eurobank, IDEA, Ушче Shopping Center, Microsoft, Coca-Cola HBC Србија и Atlantic Grupa – Гранд кафе. Компанијата HEINEKEN Србија е овогодишен пријател на форумот.