Кампањите “Untouched by Light” и “Dogvertising” се најдоа во потесниот избор за најпрестижната награда во пазарните комуникации
Иако фестивалската програма официјално започнува во понеделник, 21 јуни, фестивалот Cannes Lions веќе во текот на викендот на 19 и 20 јуни објави дел од т.н. shortlist, односно потесен избор на креативни проекти кои ќе се натпреваруваат за канските „лавови“. Две хрватски агенции на групацијата WPP, Bruketa&Žinić&Grey и MediaCom Zagreb, се вклучени како дел од тој потесен избор.
Кампањата “Untouched by Light“, која агенцијата Bruketa&Žinić&Grey ја реализираше со винаријата Radgonske gorice, е дел од потесниот избор во категоријата “Rebrand/Refresh of Existing Brand”, додека пак MediaCom Zagreb се најде во потесниот избор на категоријата “Media Lions/Data Driven Targeting”, за кампањата “Dogvertising“, остварена во соработка со Go2Digitalom за брендот Pedigree Dentastix.
“Untouched by Light” е кампањата со која Bruketa&Žinić&Grey и Radgonske gorice, наместо традиционално огласување, направија потполно нов производ, со цел позиционирање на винаријата на глобалниот пазар. Се работи за првото пенливо вино на светот кое се произведува, продава и испробува во целосен мрак, како одговор на едно научно истражување кое го потврдува негативниот ефект на светлото врз винските ароми, посебно врз оние пенливите. За производот известија повеќе медиуми ширум светот, што резултираше со интерес на маѓународните дистрибутери, па и покрај пандемијата, оваа винарија стигна на продажни места како Casamona во Сент Мориц и луксузните продавници во Кина. Дали оваа кампања освоила кански „лав“, ќе дознаеме во понеделник попладне, кога на распоредот се наоѓа доделувањето на наградите за оваа категорија.
Во кампањата “Dogvertising“, MediaCom Zagreb во соработка со Go2Digitalom и со помош на дигиталните иновации и креативното користење на форматот, овозможи таргетирано огласување кон сопствениците на кучиња. Развиен е алгоритам кој во реално време препознава кучиња и тој сигнал го користи за отпочнувањето на реклама на екраните за надворешно огласување. Алгоритмот ги препознавал и специфичностите на кучињата, со цел да пропорача реклама за соодветен производ, овозможувајќи значајно поголема релевантност спрема шетачите на кучиња, а со самото тоа и подобри резултати на продажба. Резултатите на Cannes Lions за оваа категорија ќе ги дознаеме во вторник.
Cannes Lions е најголемото светско натпреварување во креативноста и пазарните комуникации, на кое само оваа година се пријавија преку 29 илјади пријави, додека пак „Канскиот лав“ се смета за најпрестижната награда во индустријата.