Доследни на својата идеја за предизвикување на нормите преку креативноста, белградската агенција DRV ја лансираше „Рекламотека“ – обемна и внимателно курирана датабаза која презентира инспиративни рекламни кампањи и креативни дела од големите предизвикувачки умови ширум светот.
Од агенцијата велат дека „Рекламотеката“ ќе биде редовно ажурирана, со цел секогаш да носи нова доза на инспирација од светот на огласувањето, и тоа со фокус на храбрите идеи на оние брендови кои ја одржуваат креативната индустрија релевантна и автентична.
„Идејата произлезе од нашата внатрешна потреба за побрз и поедноставен пристап до квалитетни дела, но и можност да ги едуцираме и инспирираме клиентите и пошироката јавност. Ве покануваме да ја посетите Рекламотеката и секако слободно да ни испратите предлози за кампањи за кои мислите дека заслужуваат место во оваа база на податоци“ – стои во известувањето на DRV.
Новолансираната „Рекламотека“ е достапна за разгледување на следниот линк.