NEM Dubrovnik 2020 е најголемиот настан во Централна и Источна Европа специјализиран за телевизиската индустријата и ќе се одржи од 8 до 11 јуни 2020 година, спојувајќи ги заедно медиските и телевизиски експерти од Европа и Светот во хотелот Dubrovnik Palace, веќе осма последователна година.
Меѓу првите потврдени говорници е и Адам Кунингам, генерален глобален стратег во раномираната “full-service” маркетинг агенција Allied Global Marketing, со клиенти од забавната, културната и спортската индустрија. Во нивните канцеларии низ Соединетите Американски Држави, како и во Лондон и Пекинг, тие развиваат успешни маркетинг стратегии за клиенти како Netflix, Amazon Prime Video, AMC Networks, BBC Studios, Dreamworks, HBO, NBC Universal и многу други. Некои од нивните најпознати ангажмани ја вклучуваат и промоцијата на телевизиските проекти Fleabag, This is Us, World of Dance и Wu Tang: An American Saga.
Адам Кунингам е подготвен да го сподели своето богато искуство во индустријата преку неговото предавање насловено „Како да направите одлична и успешна маркетинг кампања за телевизиска серија?“ („How to make a great and successful marketing campaign for a TV series?“)
Друга интересна презентација ќе биде одржана од Луис Педересен, генерална извршна директорка на продукциската и дистрибуциска компанија all3media international која има дадено свој придонес кон успехот на серијали како Midsomer Murders, Fleabag, The Missing, Skins и Gordon Ramsay’s 24 Hours to Hell and Back.
Дана Стерн, менаџинг директорка на водечката израелска дистрибуциска и продукциска компанија yes Studios, исто така го потврди своето учество и враќање на NEM. Fauda, Your Honor и Asylum City се само неколку од сериите преку кои yes Studios успеа да влезе на европскиот пазар.
NEM исто така ќе биде домаќин на Петер Васонг од Deutsche Telekom, кој е одговорен за стратешкото позиционирање и содржинско усогласување на телевизиските содржини на Deutsche Telekom низ Европа, вклучувајќи спортски права и линеарни канали, како и партнерства со Netflix и Amazon Prime Video во десет различни pay-tv пазари.
Покрај овие говорници, бројни други меѓународни компании го потврдиле своето учество на NEM Dubrovnik во текот на сите денови, вклучувајќи водечки free-to-air (FTA) и pay-tv канали, кабелски и сателитски оператори, IPTV, продукциски, дистрибуциски и технолошки компании, национални и странски медиуми, како и други експерти поврзани со телевизиската индустрија.
NEM Dubrovnik го претставува и својот прв TV Tech Showcase
Технолошките решенија ја обликуваат телевизиската индустрија на секојдневна основа и влијаат врз нејзината забрзана трансформација и развој. NEM Dubrovnik, добро познат по неговите разновидни настани, ќе посвети еден дел од програмата на најновите технологии преку TV Tech Showcase – специјализиран настан кој ќе ги спои некои од водечките компании кои развиваат иновативни решенија за телевизиската индустрија.
Како дел од овој целодневен нетворкинг настан, технолошките компании исто така ќе ги претстават своите иновации преку специјализирана презентација.
Едни од оние кои ќе презентираат се и AdScanner, хрватска компанија која развива иновативни решенија во телевизискиот адвертајзинг, базирани врз внатрешноразвиени AI и big data алгоритми. Повеќе од 50 клиенти ширум пет европски држави веќе ги користат решенијата на AdScanner – од адвертајзери и регулаторни тела, до телевизиски куќи, медиа агенции и телекомуникациски компании.
Дознајте повеќе информации за говорниците, настаните и можностите за учество, како и достапните попусти до 18 март 2020, на официјалниот веб-сајт на NEM Dubrovnik 2020.