Многу маркетинг директори се наоѓаат во ситуација нивната работа да ги однесе до уникатни работни локации. Но, малкумина имаат можност да работат во средина слична на оваа.
London in NewYork, е нова агенција основана од страна на партнерите а воедно и креативни директори- Carolyn London и Michael Vadino. За разлика од било која друга агенција во Њујорк, нејзината работа се одвива во внатрешноста на Metropolitan Opera House во Линколн Центарот.
За време на работата во рамките во Метрополитан Операта, тимот на Лондон работеше заедно со маркетинг тимот на Мет. Оваа врска беше прва во 133-годишната историја на Мет салата , која неодамна започна кампања за промовирање на новата сезона што ќе се отвори на 26ти септември под наслов “Гласот мора да се слушне”. Оваа кампањата вклучува емитување и онлајн спотови, како и како реклами во метроата низ градот. На 4ти октомври, Операта за прв пат за време на оваа кампања ќе ги отвори своите простории за јавноста во текот на овој настан, а “Гласот мора да се слушне” е настан кој ќе продолжи да се одвива и во 2017 година.
Метрополитен операта ја наименува агенцијата ‘’Лондон во Њујорк’’, за своја водечка креативна агенција овој Јуни, но врската на Метрополитен операта со Carolyn London датира неколку години наназад.
London (се мисли на основачката Carolyn London) започна со работата во организацијата, додека сеуште беше извршен креативен директор на Serino / Coyne и го создаде ‘’Синоќа, на Метрополитен блог’’; сајт кој ќе биде повторно лансиран како дел од кампањата “Гласот мора да се слушне”, иако Мет се уште не се одлучил за неговата креативна насока.
London својата кариера како адвертајзер ја започна во Lowe Worldwide New York со претходно искуство во ТВ, филм и театарска продукција а подоцна и работа како консултант за повеќе модни брендови како Elizabeth Arden, Clinique, Joseph Abboud, BEBE и Revlon.
Таа се запознала со својот партнер Vadino додека работела во полето на модата, за подоцна да го претстави пред тимот на агенцијата The Liquid каде што била на лидер на креативниот тим.
Успехот на нивното партнерство започнал во рамките на таа компанија, каде што започнале заеднички проекти за клиенти како NASDAQ и LexisNexis, што ги инспиририрале да отворат и своја компанија.
“Ние се обидуваме да го задржиме вниманието на креативната фела и да ги инспирирараме со уметноста, музиката, модата и култура” изјави London за Adweek.
Двојката на креативни партнери се пријавила овој свој пристап да биде дел од нивната работа за Њујорк Метрополитен опера со цел суптилно да се смени перцепцијата за оваа културна институција.
“Операта се заснова на искуство, уште од првата секунда кога ќе влезете низ нејзината врата и се забележат огромните канделабри”, кажува London. “Постојат толку малку слични места на светот …а толку многу човештвото на сцената.”
Новата кампања има за цел да ја покаже оваа човечност, нагласувајќи ја широката жалба на Мет на новодојденците во исто време потврдувајќи ја вредноста на оперското искуство на присутните. Претходните кампањи се заосноваа целосно врз фотографија, но кампањата ‘’Лондон во Њујорк’’ презема сосема поинаков пристап.
Креаторите на оваа кампања целат кон добивање на директна порака преку користење на современи слики кои прикажуваат низа на неверојатни” гласови “како дел од искуството кое може да се добие во Метрополитен операта.. “Ние сакаме да се создаде кампања која е невозможно да се занемари. Пред сè, кампањата е наменета да се чуе ‘’Гласот’’, гласовите мораат да бидат слушнати.”
Целта на оваа кампања е генерирање на нова публика за операта.
Кога им овозможивме на Carolyn и Michael да работат на кампањата во рамките на самата Metropolitan Opera House, тие комплетно се вклопија во светот на Мет со што им се овозможи да креираат кампања која ги рефлектира уникатните елементи на институцијата притоа исполнувајќи ги иницијативите на нивната компанија’’- изјави Gilly Brierley, помошник –генерален менаџер на Metropolitan Opera Housе.
Brierley додава ,Кампањата” Гласот мора да се слушне ” – воедно ни помага во оформувањето на креативна визија која ги одразува исклучителниот талент и посветеноста на уметниците и вработените кои работат во Метрополитен, и ја поттикнува публиката да учествува во извонредното искуство какво што е следењето на опера во живо “.
Овој однос не ја исклучува агенција од работа со и со други клиенти. Во иднина, Лондон и Vadino се надеваат дека ќе работат со технологија, култура, бизнис-до-бизнис компании, притоа зачувувајќи го искуството од Метрополитен кое ќе остане да биде клучен дел од нивниот бизнис во годините кои доаѓаат.