Медиа План ДООЕЛ – агенција за медиа планирање и закуп, објавува слободнo работнo местo за позициjата медиа планер за онлајн медиуми и социјални мрежи (DIGITAL MEDIA PLANNER).
Одговорности:
- Изработка и реализација на медиски стратегии и медиа планови за огласување на локалните портали, социјалните медиуми, Google Ads и останати дигитални медиуми и платформи.
- Подготовка на извештаи од реализираните онлајн кампањи и нивна анализа и евалуација;
- Презентација на резултатите од кампањите како и нивни анализи, во одреден формат;
- Континуирано следење на дигиталните трендови во Mакедонија и регионот и имплементација на знаењата во секојдневната работа;
- Подготовка на презентации и документи со анализа на трендовите во дигиталните медиуми;
Квалификации/способности:
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint;
- Одлични аналитички вештини;
- Желба за постојано надоградување на дигиталните вештини;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Основно познавање на платформите: Google Ads, Facebook Ads Manager и Google Analytics;
- Основно познавање на дигиталните медиуми, социјалните и интерактивни мрежи и постоечки платформи
- Основно познавање на најновите трендови во онлајн огласувањето;
- Познавање на локалните портали во Македонија;
- Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализираните кампањи и нивно успешно презентирање во барана форма;
На кандидатите ќе им се обезбеди можност за усовршување во динамично опкружување, како и наградување за личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста.
Заинтересираните кандидати да испратат cv на jobs@mediaplan.mk .
Краен рок за пријавување: 25.11.2022-16h
Без телефонски јавувања. За интервју ќе бидат контактирани само селектирани кандидати.