Бугарската креативна агенција Ogilvy Sofia, дел од Ogilvy Group Bulgaria, го соопшти назначувањето на две нови имиња во менаџерскиот тим, кои имаат за цел да го трансформираат моделот на работа на агенцијата.
Улогата на извршен директор ќе ја преземе Полина Влахова, додека пак Марија Милушева е именувана за нов генерален креативен директор на агенцијата.
Полина Влахова има близу 20 години искуство во областа на комуникациите, а нејзината кариера вклучува менаџерски позиции во Procter&Gamble, Pernod Ricard, Philip Morris International и The Absolut Company. Нејзината меѓународна експертиза треба да донесе глобална перспектива во деловните одлуки на Ogilvy Group Bulgaria.
Марија Милушева исто така има долгогодишно искуство во огласувањето, така што повеќе од 10 години беше креативен директор во агенцијата Noble Graphics и партнер во последните шест. Од Ogilvy Group Bulgaria велат дека нејзиното назначување ја зајакнува посветеноста на агенцијата да ги прошири своите креативни хоризонти и да наметне нови стандарди на работа.