Американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) ги проширува своите маркетиншки напори оваа сезона и ја ангажираше агенцијата Saatchi & Saatchi London како креативен партнер за да ја донесе својата платформа пред европската публика. Нивниот прв заеднички проект ќе биде реализиран во октомври.
НБА има воспоставено меѓународно присуство со натпревари достапни во 215 земји и територии и има една од најголемите заедници на социјалните мрежи во светот. Покрај славењето на своето културно влијание низ годините, кошаркарската лига се обидува да изгради поголема ангажираност и релевантност меѓу својата европска база на фанови.
По повод објавувањето на партнерскиот договор, извршниот директор на Saatchi & Saatchi, Крис Кеј, рече: „Не би можеле да бидеме повозбудени од додавањето на НБА во списокот на нашите клиенти и ние сме прилично енергични што ни се дава шанса да помогнеме да ја продлабочиме љубовта кон еден од најбрзо растечките спортови во Европа“.
Договорот со НБА означува продолжување на силниот раст на агенцијата Saatchi & Saatchi оваа година, надоврзувајќи се на освоените креативни договори со BT Sport, Siemens, Marriott и Churchill.