Во пресрет на новогодишните празници и пред самиот крај на оваа 2019 година, маркетинг агенцијата WHY CREATIVE од Скопје ќе ги израдува и ќе им ги исполни желбите на оние на кои тоа им е најпотребно. За таа цел, одлучи да ги пренасочи своите финансиските средства кои секоја година ги одвојува за да им ја честита новата година на своите клиенти, соработници и пријатели и да учествува во исполнувањето на новогодишните желби на децата кои ги пишуваат и закачуваат на елката во Црвениот Крст на Град Скопје.
На истекот од 2020 година, за 16 дечиња од листата доставена од Црвениот Крст на Град Скопје, агенцијата WHY CREATIVE ќе обезбеди зимски тренерки и ќе ги стопли срцата исполнувајќи ги желбите на најмалите.
Со оваа акција и со самото вклучување во активноста на Црвениот Крст, агенцијата WHY CREATIVE ги повикува и останатите маркетинг агенции, компании и институции да се вклучат во ваков вид на акции со кои заеднички ќе допринесат во исполнувањето на искрените желби на најмалите и оние на кои ваков вид на подарок значи полна вреќа среќа!
Среќна Нова 2020 и новогодишни празници!