Еден од најголемите агенциски конгломерати WPP, сервисот за пораки Snapchat и британскиот издавач Daily Mail објавија дека ги здружуваат силите и ќе креираат нова контент марктинг компанија која ќе се вика Truffle Pig.
Заедничката компанија ќе се фокусира кон нудење услуги за маркетерите при нивното создавање и дистрибуција на брендирана содржина дизајнирана за новите платформи и во нови формати, како што е на пример “vertical video“, стил на снимање кратки видеа за смартфони кое масовно е популаризирано од корисниците на Snapchat.
Маркетерите кои ќе соработуваат со Truffle Pig ќе имаат пристап до ресурсите за видео продукција на Snapchat во Лос Анџелес, каде ќе добиваат практична обука за менаџирањето со новите формати во маркетинг цели. Овие брендови ќе имаат можност својот контент да го дистрибуираат преку Daily Mail.
Трите партнерски компании (WPP, Snapchat и Daily Mail) нагласуваат дека Truffle Pig ќе биде отворен за соработка и со сите останати медиа компании (не само Daily Mail и Snapchat) и ќе работи со сите огласувачи (не само клиентите на WPP).
За извршен директор на новата компанија е избран досегашниот партнер во дигиталната консултанска компанија Group SJR – Alexander Jutkowitz.
Sir Martin Sorrell, основач и извршен директор на WPP , за оваа соработка вели дека класичниот агенциски бизнис е под големо влијание на три големи трендови : експлозијата на дигиталната технологија, зголеменото значење на маркетинг податоците и зголемената желба на брендовите да продуцираат своја сопствена содржина.
Токму овие трендови, како што вели тој, се одлучувачки за лансирањето на новата групација
Иако многу маркетери ќе се прашуваат зошто би требало да соработуваат со компанија како Truffle Pig бидејќи нивните адвертајзинг партнери и медиа партнери веќе извршуваат задачи за продуцирање на спонзорирана содржина, господин Sorrell надополнува дека класичните адвертајзинг агенции ќе мора да се менуваат и да склучуваат стратешки партнерства со останатите медиски играчи на пазарот и да брават нови “дигитални екстензии“ на својот бизнис ако сакаат да го задржат приматот во годините што не очекуваат или ќе се соочат со конкуренција која нема нужно да биде само од адвертајзинг индустријата.