Од 11 до 14 јуни во Дубровник, шестото издание на NEM носи интересни теми од суштинско значење за медиумската индустрија, со фокус на содржината која во последниве неколку години претрпе големи промени во однос на начинот на кој публиката ја доживува телевизијата.
Со седум панели, осум презентации и повеќе од 160 компании кои учествуваат во NEM, вклучувајќи ги најистакнатите Eutelsat, Fox Networks Group, AMC Networks International, Comcast Technology Solutions, BBC Worldwide, Warner Bross, Global Agency, Viasat World и другите, NEM е одлична можност за вмрежување со кафе паузи и атрактивни вечерни забави.
Не пропуштајте интригантни панел дискусии
Медиумски експерти, врвни говорници и панелисти ќе остварат многу динамични дискусии, а меѓу најистакнатите се секако Џон Роситер, генерален директор за Централна Европа во Sony Pictures Television Networks, Катарина Бехрендс, генерален директор за Централна и Источна Европа, NBCUniversal International Networks, Пит Смит, директор во Antenna International, Салим Мукадам, генерален менаџер и потпретседател за Централна и Источна Европа од BBC Worldwide, Даниел Резка, потпретседател за млади и нови брендови во CEEI и Анет Шефер, потпретседател на ТВ бизнис процеси за Европа, Deutsche Telekom AG.
Панелот “Игра на Pay TV и дигиталната содржина” ќе ја отвори сезоната на панели и ќе се фокусира на иднината на каналите и нивното факање чекор со општо-присутната дигитализација. За светот на огласувањето, ќе зборуваат врвни експерти во индустријата и ќе допрат до приходите, публиката, содржината и новите алатки во огласувањето на панелот “Огласување: кога е премногу?“
“Постои голем ризик за создавање база на гледачи без толеранција за огласување. Ова е особено специфично кај најмладите демографски групи, чии искуство на гледање често се фокусира на услугата SVOD“, вели Гај Бисон, директор за истражување од ценетата компанија Ampere Analysis, за огласувањето во медиумската индустрија.
“Големите барања на малите шефови“, односно нашите најмили, децата, е панелот треба да го заокружи вториот ден од NEM на 12-ти јуни. Во пресрет на Светското фудбалско првенство на третиот ден на NEM, се отвора дискусијата “Фудбал: Кој ја држи цената високо“, додека вториот панел: “Може ли локалната продукција да направи разлика” ќе се обиде да го реши проблемот на гледаноста и квалитетните содржини и програми.
“Како да се произведе одлична локална содржина” е панелот кој се надоврзува на локалната продукција, а во него ќе учествува и Ларс Линдстром, продуцентот на една од најпознатите скандинавските серија Humans. Последниот ден од NEM е посветен на скокотливата тема “Борбата против пиратството во регионот“, која ќе отвори многу прашања во врска со пиратството на интернет, како на пример, какви санкции треба да се воведат на пазарот и што можеме да научиме од другите земји.
Презентации – успешни приказни за успешни брендови
Како изгледа успехот – 30 минути по нашите пазари во Централна и Источна Европа, ќе раскаже заменик-претседателот за ТВ бизнис процеси за Европа во Дојче Телеком, Анет Шефер во студија на случај. “Стариот пират” и млад претприемач Араш Пендари, директор и основач на Vionlabs, ќе одржи презентација која се однесува на развојот на вештачката интелигенција во филмската и ТВ-индустрија.
Особено интересна е и презентацијата за серијата Skam на продуцентот Хакон Мослет, кој во студија на случај ќе ги презентира сите детали за глобалениот феномен на оваа норвешка серија наменета за тинејџерите.
Како се модернизирал брендот National Geographic, стар дури 130 години, ќе биде презентирано од страна на Кристијан Брент, виш потпретседател за глобално истражување и стратегија во Fox Networks Group.
За новата ера на телевизијата ќе зборува Ерик Јун, шеф на ТВ бизнис и Ѓерѓ Такас, технички експерт за домашна забава, подружница за Централна и Јужна Европа, во LG. Презентацијата од страна на IBM ќе покаже како компаниите ги заменуваат постоечките и непријатни техники за споделување на производи за пренос на содржини со висока брзина на Aspera.
Можностите за нови бизнис прилики, нови познанства и размена на искуства, ќе се одржат за време на паузите за кафе, кои ги овозможија Viakom, Comcast, A1 Broadcasting и Turkish Airlines.
Пијалокот за добредојде му припаѓа на NBCUniversal, вечерното опуштање со пијалок и добра музика, на вториот ден на NEM ќе се одржи на плажата Вала во хотелот Дубровник Палас, во организација на Eutelsat, додека забавата на Fox Networks Grоup ќе го заокружи третиот ден NEM 2018 година, во центарот на стариот дел од Дубровник.
Комплетната агенда проверете ја на следниот линк, а сите настани и занимливости поврзани со NEM можете да ги следите и преку социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.