Во 2023 година, францускиот авиопревозник Air France слави 90 години елеганција; 90 години технологија, иновации и удобност на небото; 90 години патување, гастрономија, дизајн, висока мода, уметност и архитектура. Од своето основање на 7 октомври 1933 година, авиокомпанијата ја промовира француската извонредност, која според француските зборови “je ne sais quoi” е тешка да се опише, но луѓето добро ја препознаваат благодарение на исклучителното патувачко искуство кое ја издигнува елеганцијата до нови височини.
За да го отелотвори и оживее духот на 90-годишната елеганција, Air France откри модна колекција од пет фустани дизајнирани од Ксавиер Ронзе, француски дизајнер кој е одговорен за изработката на костими за Париската опера и балет. Секој фустан ги интерпретира различните предности на авиокомпанијата: авиони и технологија; униформи и мода; симболични постери кои ја промовираат нејзината широка мрежа на летови; гастрономија и трпезариски прибор; и дизајн и архитектура.
Овие уникатни фустани се изработени од елементи од наследството на компанијата проткаени со современи парчиња. Тие нудат врска помеѓу историјата и модерноста, силна интерпретација која го отелотворува најдоброто од Air France и најдоброто од Франција на неколку извонредни полиња.
Со цел да се промовира колекцијата и да се прослави роденденот на Air France, создадена е медиумска кампања во соработка со агенциите AURA by Omnicom, TBWA\Paris, Auditoire, \Else и Mogul.
Покрај медиумската кампања, Air France исто така ќе организира и модни ревии во соработка со ланецот на стоковни куќи Galeries Lafayette. Па така, модели облечени во униформи на пилоти, стјуардеси, аеродромски персонал и механичари ќе парадираат во посветен простор за да го одбележат елегантното наследството на компанијата во изминатите 90 години.