За неколку денови започнува Олимпијадата во Токио, меѓутоа поради пандемијата, овогодинешните игри ќе останат без публика. Меѓутоа, доколку сервисот за сместување Airbnb не може да ги одведе фановите во Токио, ќе им ги донесе Олимпијците на фановите – барем онлајн.
Airbnb склучи партнерство со Меѓународниот олимписки комитет и со Меѓунардониот параолимписки комитет за да организира серија на онлајн настани и дружби со олимписките и параолимписките ѕвезди, токму за времетраењето на Олимпијадата од 23 јули до 8 август.
Компанијата ќе организира преку 200 онлајн настани, на кои свое учество ќе земат активни и пензионирани Олимпијци од преку 50 спортови и 30 држави.
За фановите на церемониите, Airbnb ќе организира и специјален настан – “Зад завесеата на церемонијата за отворање”, на кој за само 30 долари, гостите ќе имаат можност да се запознаат со извршниот продуцент за церемонии на овогодинешните игри, Хиоки Такајуки.
Сите резервации за настаните може да се направат преку веб-сајтот на Airbnb.