Шведска се одлучи за необичен пристап во промовирање на земјата како туристичката дестинација, така што во најновиот промотивен спот ја понуди цела земја на Airbnb. Овај потег е направен во соработка со шведската креативна агенција, Forsman & Bodenfors, а ја слави „слободата на талкање“ –принцип кој во оваа земја е заштитен со закон и им дава на луѓето право слободно да талкаат во огромните природни убавини на Шведска.
Форматот го следи познатиот стил на Airbnb, но се разликува од типичниот процес на резервација, бидејќи со оглед на законот, земјата е јавно добро и потполно е басплатна и достапна за сите.
„Ова е овозможено благодарение на шведското право загарантирано со Уставот“, изјави Jenny Kaiser, менаџер за САД во туристичката организација Visit Sweden. „Ова право им овозможува на жителите на Шведска да ја доживеат природата и уживаат во прекрасните дивини на Шведска. Во Шведска имаме се`, од високи планини до длабоки шуми, од прекрасни архипелази до спокојни ливади. Сега, заедно со Airbnb ги повикуваме сите да дојдат во Шведска и преку слободата на талкање, да ја уживаат во нашата прекрасна природа.“
„Ова партнерство е прва соработка од овај вид помеѓу одбор за туризам на некоја земја и Airbnb“, додава James McClure, генерален директор за северна Европа во Airbnb. „Осмислено е така што да ќе ја промовира Шведска како дестинација преку моќта на Airbnb заедницата. Туристичката организација Visit Sweden ја сметаме за свој долгорочен партнер и со задоволство ги здруживме силите во промовирањето на Шведска како дестинација.“
Моментално постојат девет огласи, во распон од шумите на југ, до карпите над морето на север. Иако фокусот е на природните убавини на подрачјето, на дното на секоја листа постои опција за изнајмување на недвижности во Шведска, во малку типичен Airbnb стил.