Брендот за музички инструменти и аудио опрема Yamaha Music лансираше нова кампања за европскиот пазар насловена “Let’s Make Waves” („Ајде да создаваме бранови“).
Кампањата покажува како производите на Yamaha им помагаат на луѓето од сите демографски категории да создаваат, изведуваат и слушаат музика.
Во централниот спот гледаме како различни луѓе, на различни возрасти, создаваат различна музика која е својствена за нивната личност, за на крај сите звуци да се обединат во една заедничка песна.
„Yamaha е посветена да ве охрабри во создавањето бранови со вашите звуци и музика, каде и да сте на вашето музичко патување. Без разлика дали сте музички креатор, композитор или продуцент, дали сте љубител кој сака да биде придвижен од звуците онака како што уметниците имале намера, почетник кој ги прави своите први чекори и е возбуден да учи, музичар на мисија да напредува лично, инспириран да вежба, или пак сакате да ја споделите вашата страст и да свирите со други. Ние во Yamaha сакаме да ве инспирираме да зачекорите напред и да ја изразите својата индивидуалност, емоции и креативност“ – посочуваат од Yamaha Music Europe.
Во моментот на пишувањето на текстов, спотот има над 853 илјади прегледи на YouTube, над 1,300 допаѓања и ниту еден „дислајк“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Zag и продукциската куќа Agile.