Денеска Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадување. Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола.
Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите. Да потсетат дека Иди зима.
-Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна!
Потсетуваат: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира…