Туристичкото биро на Дубаи започна нова кампања насловена во која себе се претставува како филмско студио кое ги нуди најдобрите блокбастери во светот т.е. најдобрите, најзабавните и највозбудливите одмори во светот.
Кампањата насловена „Dubai presents“ („Дубаи претставува“) ќе се состои од шест спотови снимани на локации низ Дубаи во стил на филмски трејлери, кои ќе бидат објавени во следните четири месеци. За да биде сé како што треба, главни протагонисти во рекламите ќе бидат вистински холивудски ѕвезди.
Првиот спот веќе беше лансиран под името “Мисија од пет-ѕвезди”, а својата инспирација ја влечи од шпионските трилер-акциони филмови. Ѕвезди во спотот се актерите Џесика Алба и Зек Ефрон.
Спотовите кои се дел од кампањата ќе се емитуваат на телевизија и во кино-сали во 27 светски пазари, на 15 различни јазици.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother.