Ако грутката на најпознатите, најфотографираните и најчесто допираните гради во Ирска може да остане незабележана, тогаш жените навистина мора да бидат внимателни и темелни во прегледот на своите гради
Ако на едни од најфотографирените и најдопирани гради во светот се развие грутка, дали некој ќе го забележи тоа? Ова прашање беше покренато од страна на водечката организација за борба против ракот во Ирска, Фондацијата Мари Китинг (Marie Keating Foundation) и нивната креативна агенција Rothco Accenture Interactive, како дел од нивната кампања “Take Notice” која беше лансирана по повод месецот за свеста од рак на дојка.
Ѕвездатата на оваа кампања е Моли Мелоун. Ако се прашувате која е Моли, таа е мистериозна хероина на познатата истоимена песна, која се смета за неофицијална химна на Даблин.
Фондацијата одлучи да ја искористи опсесијата на јавноста со нејзината статуа за поттикнување национална и меѓународна дебата за здравјето на градите. По повод на месецот за свеста од рак на дојка, агенцијата Rothco создаде и постави мала грутка на една од градите на Моли, што поминаа незабележано од страна на јавноста, која продолжи да се слика со Моли и да ги допира нејзините гради.
Спотот на песната, чија музичка подлога е токму песната за Моли, изведена од страна на ирската пејачка Имелда Меј, укажува на тоа дека ако грутката на најпознатите, најгледаните и најчесто допираните гради во Ирска остане незабележана, тогаш жените мора да биде навистина внимателни и темелни во прегледот на своите гради.