Минатиот викенд граѓаните на Стокхлом биле изненадени од еден интересен outdoor елемент поставен од Рибок кој граѓаните ги предизивикува на следново: да истрчаат што е можно побрзо пред рекламата на брендот во која има вградена камера која ќе им ја мери нивната брзина на трчање – и ако трчале доволно брзо, ќе си добијат нов пар патики ZPump 2.0 .
Интересен герила пристап на Рибок со кој предизвикале голем интерес меѓу случајните минувачи кои набљудувале како нивните сограѓани се натпреваруваат “против“ нешто налик ситилајт и се обидуваат да ја достигнат “потребната“ брзина.
“Ние сакаме да ги инспирираме луѓето и да ги мотивираме да ги достигнуваат своите граници и тогаш кога не се во спортска сала. Впрочем и нашиот слоган “Be More Human“ го има токму тоа значење“ – изјавил г-дин Lagerbäck , ПР менаџер на Рибок Нордик.
Погледнете во видеото подолу како изгледаше сето ова: