Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.
“Светот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: “Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и професионалноста на вработените.
Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот – Макпрогрес.
Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата – Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот!
Макпрогрес е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии.
Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.
Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното. Во анкета која ја спроведе fakulteti.mk беше поставено прашањето токму кои се омилени македонски производи на младите луѓе. Слатките задоволства на „Винчини“ заслужно се најдоа на врвот на листата. Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на Винчини. А тортините и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири.