Брендот за луксузни инструменти за пишување и други аксесоари Montblanc објави два нови кратки филмови како продолжение на својата бренд платформа “What moves you, makes you” („Она што ве движи, тоа ве прави“). Заштитни лица на брендот во двата нови спотови се ирскиот актер Килијан Марфи и јужнокорејската диџејка Пеги Гоу.
Марфи раскажува за својата љубов кон приказните, но и за неуспешните почетоци како музичар, пред потоа да прејде на друга страст – глумењето, која се покажала како исклучително успешна за него.
Пеги Гоу раскажува за тоа како нејзините страсти најпрвин ја одвеле од Јужна Кореја во Лондон, каде студирала мода и потоа работела како моден новинар, за потоа да се пресели во Берлин каде се посветила на музиката.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden & Kennedy Amsterdam и продукциските куќи Iconoclast Germany и CLM.
Официјални застапници за производите на Montblanc во Македонија се Божиновски часовници и накит.