По четиринаесет години работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора, пренесува босанскиот медиум Klix.ba.
Al Jazeera Balkans е регионалната подружница на Al Jazeera Media Network со седиште во Катар, а првата балканска канцеларија беше отворена во Сараево на 11 ноември 2011 година.
Програмата на Al Jazeera Balkans се емитуваше на просторите на поранешна Југославија, нудејќи комбинација од локално продуцирани вести, документарци, дебати во живо, програми за бизнис, технологија и спорт, дополнети со содржини од Al Jazeera English.
Al Jazeera Balkans е првиот телевизиски канал на катарската медиумска мрежа што емитувал програма на некој друг јазик освен арапски и англиски.
Во изминатите 14 години, Al Jazeera Balkans беше особено позната по оригиналните содржини од документарниот сегмент. Во 2018 година, Al Jazeera Balkans го основаше фестивалот за документарен филм AJB DOC, кој се одржува секој септември во Сараево.
Причините за затворањето сè уште не се офивијално објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука поради финансиски причини.