Социјалната платформа LinkedIn се подготвува да се приклучи кон револуцијата на вештачката интелигенција со лансирањето на сопствена алатка за автоматизирана креација на огласувачки кампањи наречена Accelerate.
Алатката беше првично претставена минатиот октомври, кога можеа да ја користат само ограничен број на американски огласувачи. Сега, од LinkedIn најавуваат дека алатката ќе биде достапна за сите огласувачи на глобално ниво на почетокот на оваа есен.
Благодарение на Accelerate, корисниците на LinkedIn ќе имаат можност да создадат сеопфатна огласувачка кампања за време од само неколку минути, како и да имплементираат автоматски оптимизации со цел пораката да допре до вистинската B2B публика.
Со помош на алатката исто така ќе може да се изменуваат и адаптираат веќе постоечки кампањи, со цел да биде подобрена нивната ефикасност.