Германскиот ланец на дисконт-маркети Aldi лансираше нова кампања за францускиот пазар во која раскажува современа реинтерпретација на познатата бајка за „Пепелашка“.
Фантастичниот филм се фокусира потрагата на еден вљубен маж по жената од своите соништа, базирајќи се само врз нејзината изгубена патика која ја открива за време на забава во ноќен клуб. Младичот се обидува на секакви разни начини да дојде до мистериозната жена, но тоа никако да вроди со плод.
Во меѓувреме, тој запознава девојка која му помага во неговата потрага, чија нога инаку не одговара на загубената патика, но лека-полека младиот маж почнува да се заљубува во неа. Со цел да ја усогласи неговата нова љубов со потрагата по сопственичката на загубената патика, тој одлучува да купи пар ножици од Aldi и патиката да ја направи сандала за да ѝ одговата на новата девојка!
„Светот на бајките им е познат на сите, што ни овозможува веднаш да бидеме идентификувани и препознаени без разлика дали на радио, ТВ или дисплеј. Повеќе од кога било, Aldi е решение кое им овозможува на сите да јадат добри и евтини производи: тоа е дисконтот. Не станува збор за прекумерна потрошувачка, туку купувањето во Aldi се однесува целосно на суштинските продукти со опсег од 1.600 референци и предност на квалитетот пред квантитетот: брендот е тој што го олеснува секојдневниот живот!“ – обајснува Ана Мари Готје, директорка за маркетинг и комуникации во Aldi за Франција.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција TBWA/Paris.