Регионалната медиумска групација United Media го именуваше Александар Варов за директор на новоформираниот мултинационален оддел за дигитално огласување и приходи.
Варов е специјалист за дигитални медиуми и огласување, кој претходно ја извршуваше функцијата извршен директор на бугарската компанија Netinfo, дел од Untied Media.
По повод неговото назначување, извршната директорка на United Media, Александра Суботиќ, изјави: „Среќни сме што имаме толку почитуван професионалец како Александар Варов кој ќе го води нашиот тим за дигитална продажба. Тој има знаење, како и алатки за да помогне да се осигураме дека нашиот бизнис ќе остане успешен во годините што доаѓаат“.
Самиот Варов додава: „Ќе развиеме и имплементираме иновативни стратегии за продажба, гарантирајќи беспрекорна координација на различни пазари. Нашиот пристап секогаш ќе биде воден од квантитативни резултати, а ние сме посветени да се потпираме на нумеричка метрика за проценка и донесување одлуки.“
Одделно, United Media ја именуваше Наташа Буљан за директорка за развој на содржини од жанрот фикција. Таа претходно го водеше одделот за развој на содржини во Нова ТВ и работеше на голем број проекти во телевизијата.
„Сакам да ѝ посакам добредојде на Наташа на нејзината нова позиција на групациско ниво. Нејзината долгогодишна посветеност на телевизијата Нова и целокупното искуство е забележана и високо ценета. Задоволни сме што таа сега ќе биде одговорна за развој на нови формати во сите земји каде што работи United Media“ – изјави извршната директорка на United Media, Александра Суботиќ.
„Чест ми е што ја преземам улогата на директор за развој на фикција, надгледувајќи го развојот на сите формати на фикција во осум различни земји. Мојата заложба со започнувањето на оваа возбудлива авантура е да инспирирам креативност, соработка и иновации меѓу нашиот тим. Ќе соработуваме за да генерираме интригантна содржина што ќе ги ангажира клиентите преку границите. Со нетрпение ги очекувам предизвиците и можностите што ми претстојат и уверена сум во нашата колективна способност да направиме трајно влијание во светот на забавата“ – посочи самата Буљан.