(РЕГИОН) – Александра Колариќ е ре-избрана за претседател на ХУОЈ (Хрватското здружение за односи со јавност), објави изборниот одбор на ХУОЈ во својот првичен , не-официјален извештај.
За Колариќ својот глас го дале 155 гласачи, додека за нејзинот конкурент Даниел Колетиќ гласале 65 избирачи.
На изборите своето право на глас го искористиле 55% од членовите на ХУОЈ.
За заменик претседател е избрана Марина Халужан,а за членови на Управниот одбор Алан Бахориќ, Ана Смољо Јосиќ и Игор Чутиќ.
Колариќ со својата прва изјава после изборот рече : “Во следниот мандат фокусот на мојата работа ќе биде продолжување на едукацијата и програмата за лиценцирани стручњаци за Односи со јавност. Прв чекор ќе биде повик кон целото членство да се пријави со своите проекти кон Управниот одбор заради подобрување на здружението и професијата“