Брендот за брза храна McDonald’s соопшти дека го назначи Алистер Меккроу за глобален генерален маркетинг директор, пополнувајќи клучна позиција во компанијата која беше празна скоро една година по заминувањето на Силвија Лагнадо минатиот јули.
Вршител на должноста во меѓувреме беше Колин Мичел, постар потпретседател за глобален маркетинг, кој си заминува од компанијата после четири години со цел „потрага по нов предизвик.“
Назначениот Маккроу доаѓа од позицијата на генерален маркетинг директор за меѓународните пазари. Тој има поминато 13 години во McDonald’s, а претходно работел како маркетинг директор за Обединетото Кралство на Blockbuster и во компанијата за малопродажба Marks & Spencer.
Од McDonald’s соопштија дека Маккроу ќе има тесна соработка со Морган Флетли, кој е назначен за генерален маркетинг директор за американскиот пазар.
„Како што излегуваме од глобална пандемија, потрошувачката доверба во брендот на McDonald’s и привлечните маркетинг програми во секоја од државите во кои работиме ќе бидат клучни за повторното воспоставување на силниот деловен интензитет кој го имавме пред оваа криза. Јас сум убеден дека Алистер и Морган можат да го предводат McDonald’s во уште поголеми височини по завршувањето на кризата. Уште поважно, двајцата ги олицетворуваат вредностите на инклузивност и иновација кои го дефинираат McDonald’s и тоа е она го очекувам од нашите предводници,“ истакна претседателот и генерален извршен директор на McDonald’s, Крис Кемпзински.