Фармацевтската компанија “Алкалоид” ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје за 2018 година.
Наградата беше доделена во рамките на дваесеттата годишна конференција во организација на Македонска берза АД Скопје, која се одржа на 29-ти март 2019 година.
Оваа награда го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.