Доколку имате желба да бидете дел од тимот на Алкалоид, да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
го објавува следното слободно работно место:
- ПЦ Фармација – ФКР – Развој на амбалажа – Фармација
1.1. Координатор за индустриски дизајн и за пакување – 1 (еден)
Потребни квалификации и вештини
- ВСС: Графички факултет или Машински факултет (пожелна е доквалификација на Графичкиот факултет во Загреб или во Белград).
- Минимум 5 години работно искуство во дизајн на пакувања и во нивната подготовка за печат – пожелно е искуство стекнато во печатница или во студио за изработка на амбалажи.
- Познавање на хартијата/картонот при процесот на пакување и на нивните спецификации (грамажа, цврстина, состав и атмосферски влијанија).
- Познавање на лепилата коишто се користат на амбалажата и нивното реагирање при механичко или при топлинско третирање.
- Познавање на процесот на чување на амбалажата пред пакување.
- Познавање на проектирањето и на работата со машинското (сериско) пакување.
- Техничко цртање и читање проекти, познавање на процесот при негова имплементација.
- Познавање на односот машина за пакување – амбалажа.
- Осмислување на процесот на пакување во збирни кутии, на палети (магацин).
- Познавање на материјалите за примарна, секундарна и за терцијарна амбалажа, нивните применливи можности и технолошките процеси.
- Активно користење на англискиот јазик во пишана и во говорна форма.
- Aктивно користење на програмите Auto CAD и Adobe Illustrator.
- Пожелно е познавање на програмите Photoshop, Alias Wavefront Studio Tools, Rhinoceros 3D.
- Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.
Цел и одговорност на работното место
- Анализа на примарна, секундарна и на терцијарна амбалажа.
- Подобрување на квалитетот на примарната, секундарната и на терцијарната амбалажа (влезен материјал, картон, пластика, штанца).
- Изработка на модели.
- Супервизија на влезни и на излезни барања.
- Комуникација со одделенија за коишто се извршува работната задача.
- Интерна директна комуникација со одделите како што се Истражување и развој, Бизнис-развој, Регистрација на лекови, Контрола на квалитет, Обезбедување на квалитет, Производство.
- Екстерна комуникација со добавувачи (печатници).
- Техничка поддршка во службата за маркетинг-комуникација.
- Анализа на хартијата/картонот при процесот на пакување и на нивните спецификации, и анализа на лепилата коишто се користат на амбалажата и нивното реагирање при механичко или при топлинско третирање.
- Пожелно е искуство во индустриско производство како и познавање на проектирањето и на работата со машинското (сериско) пакување.
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време/пробен период од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 28,000.00 МКД до 42,000.00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:
со назнака: „За оглас – Координатор за индустриски дизајн и за пакување“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.