
All Channels Communication Group е избрана за агенција на годината во осмото издание на PR конкурсот BAPRA Bright Awards, организиран од Бугарската асоцијација на PR агенции (БАПРА).
Освен со најпрестижната награда на натпреварот, која се доделува за севкупната презентација на агенциите и успешно реализирани проекти во текот на изминатата година, тимот на All Channels собра уште 10 награди во различни категории. Агенцијата најдолга “жетва“ на награди имаше за своите проекти за брендот “Крадецот на јаболка” на “Загорка” АД и за телеком операторот “Мтел”.
На второто место се пласираше PR агенција SiteMedia Consultancy, која исто така доби вкупно 11 награди, а место на пиедесталот доби и M3 Communications Group со вкупно 6 признанија.
BAPRA Bright Awards традиционално ги одликува најдобрите кампањи во областа на маркетинг комуникации во текот на годината, а проектите се оценуваат од меѓународни експерти со долгогодишно искуство во областа.
Оваа година БАПРА објави 9 нови категории во кои PR агенциите и компаниите се натпреваруваа со своите проекти. Тоа се: “Деби на годината – кампања за нов производ или услуга”; “Корпоративен PR”; “Кампањата за изградба на имиџ”; “Кризен PR”; “Кампањата за интерни комуникации”; “Дигитална кампања”; “Кампања за Public Affairs”; “Маркетинг поврзан со кауза”. За прв пат дел од BAPRA Bright Awards беше и специјалната категорија “Студентски проект”, која имаше за цел да ги награди младите таленти и идни специјалисти во комуникацискиот сектор.