Alma Quattro, водечката компанија за надворешно огласување и покрај физичкото припојување на поврзаните фирми: Europlakat YU, International Metropolis Media и Air media (сите се на иста улица) и со смалени приходи и нето добивка, убедливо го чува првото место на ранг-листата на најуспешни српски компании за надворешно огласување, пренесува TABOO магазин.
Второто место го држи DPC (Digital Printing Center), која истовремено е и агенција за надворешно огласување со најмногу вработени а третото место во однос на финансиските резултати го држи новосадската NS PLAKAT која ја претрка белградската MASEL GROUP која минатата година беше трета.
Вкупно во оваа индустрија се регистрирани 23 фирми. Вкупниот приход е намален за 12% во однос на 2012 година а нето добивката е намалена за загрижувачки 30%. Бројот на вработени е намален за скромни 3%.