Францускиот бренд на вода Evian ги ангажираше француската слободна скијачка Манон и британско-косовската пејачката Дуа Липа за својата нова кампања насловена „Drink True“ („Пијте вистинско“), која се фокусира на еколошката оддржливост на брендот.
Првата реклама од кампањата го следи патот на водата на Evian од облаците, до глечерите на Француските Алпи. „Пијте вода која не доаѓа само од заштитен извор, туку и од целосно заштитен екосистем,“ истакнува тинејџерката и слободна скијачка Манон, движејќи се помеѓу снежниот пејсаж на Алпите, каде Evian се произведува веќе 15 години. На крајот од спотот, таа ги охрабрува луѓето да „пијат вода која нема што да крие“.
Вториот спот од кампањата ја прикажува поп-ѕвездата Дуа Липа како пие Evian за време на тонска проба, изведувајќи а капела верзија на нејзиниот популарен сингл “Levitating”.
Кампањата се реализира на повеќе светски пазари, вклучувајќи го Обединетото Кралство, САД, Канада, Швајцарија, Кина и Јапонија. Покрај двете реклами кои ќе се емитуваат на телевизија, кампањата вклучува и дигитални и outdoor активности.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Wieden & Kennedy Amsterdam, а продукциската куќа е Somesuch.