Познатиот производител на хигиенски влошки Always најави дека планира да го отстрани женскиот симбол од амбалажата на своите производи за да биде поинклузивен за трансродовите и не-бинарни личности.
Овој потег на компанијата Proctor & Gamble беше поттикнат од бројните коментари од трансродовите и не-бинарни лица кои веруваат дека истакнувањето на женскиот знак (круг кој стои на крст) на пакувањето на влошките е дискриминаторски за сите оние кои, без оглед на нивниот пол, се чувствуваат или не се чувствуваат како жени.
„Може ли некој од Always да ми каже зошто е императив да има женски симболи на производите?“ Постојат и не-бинарни и трансродови луѓе кои ги користат вашите производи, само да знаете“, напишаа активистите.
Брз одговор стигна од одделот за односи со јавност на компанијата: „Ние секогаш се грижиме за потребите и преференциите на нашите купувачи. Ве послушавме и нашиот маркетинг тим понуди решение. Со задоволство ве известуваме дека од декември нашите производи ќе бидат без женскиот симбол“, изјавија од Always.
Овој радикален потег ги подели мислењата на корисниците. Додека некои сметаат дека одлуката е апсурдна, други ја поздравија
Феминистката Џули Биндел изјави дека овој потег е сличен на „негирање на постоењето“ на жените.
„Сега се движиме кон тотална елиминација на женската биологија. Симболот на жените се користи од страна на феминистките со децении. Ова е кукавички чин од овие големи корпоративни брендови кои капитулираат на транс агендата“, додаде таа.
Критичарите на овај потег оценуваат дека екстремниот активизам е повеќе штетен, отколку што им помага на транс заедницата.