Платформата за книги на Amazon, Amazon Books, ја лансираше својата прва глобална кампања насловена „That Reading Feeling Awaits“ („Тоа читачко чувство чека“), која ја прикажа невидливата магија на имагинацијата инспирирана од читањето.
Главниот едноминутен видеоспот на кампањата прикажува пет различни сцени во кои луѓето се занесени во романи, чии приказни се притоа анимирани во уникатни уметнички стилови.
Покрај видеоспотот, кампањата ќе биде поддржана и со социјални, дигитални и out-of-home креативи, за чие создавање биле ангажирани над 20 илустратори. Креативите се состојат од впечатливи слики на читатели зад нивната омилена книга, заедно со нивните разиграни илустрирани мисли како скокаат од страницата, притоа прикажувајќи различни внатрешни монолози што тие ги доживуваат.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Droga5 од Лондон и ќе се реализира со акцент на пазарите во САД и Обединетото Кралство од крајот на јули, па сé до Божиќните празници, во две засебни етапи.