Пред само ден-два, Warner Media објави здружување со Discovery за формирање на втората најголема медиска компанија во светот, со цел конкуренција на Disney, Netflix и Amazon. Меѓутоа, ако тоа не беше доволно големо поместување во медискиот сектор – следува уште!
Американските новински куќи Bloomberg и Variety шпекулираат дека Amazon е на чекор да го купи филмското студио Metro-Goldwyn-Mayer за цена од околу 9 милиони долари.
Филмското студио наводно преговарало за своја продажба со повеќе големи компании, како Apple и Netflix, меѓутоа се чини дека Amazon е најблиску до целта. Договорот се очекува да чини помеѓу 7 и 10 милијарди долари, при што 9 милијарди е наводно бараниот износ од страна на студиото.
Доколку се оствари ваквата зделка, Amazon ќе стане сопственик на продукција со традиција од над 100 години и повеќе од 4,000 филмски наслови.
Меѓу продуктите на MGM кои наското можат да преминат во сопственост на Amazon се иконични играни филмови како James Bond, The Hobbit, Silence of the Lambs и The Magnificent Seven, телевизиски серии како Fargo и The Real Housewives, па дури и забавни музички емисии како франшизата The Voice.