Американскиот технолошки гигант и воедно еден од најголемите огласувачи во светот, Amazon, ја комплетираше ревизијата на својот глобален медиски договор, вреден околу 5 милијарди долари.
Согласно спроведената ревизија, мрежата на медиски агенции OMG, дел од групацијата на Omnicom, ќе биде задолжена за медиското планирање и закуп за Amazon во Северна и Јужна Америка.
Од друга страна, медиските активности во регионите на Европа, Блискиот Исток, Африка и Азиско-Пацифичкиот регион ќе бидат должност на агенциската мрежа GroupM, дел од групацијата на WPP.
Досегашниот главен медиски партнер на Amazon, IPG, ќе продолжи да ја опслужува компанијата во однос на огласувачките активности за Amazon Web Services, Amazon Business и Amazon Ads.
Процесот на ревизија на медискиот договор на Amazon траел 6 месеци, а се реализирал во соработка со консултантската компанија MediaSense.