Технолошкиот гигант за онлајн трговија Amazon ја лансираше својата нова глобална кампања за претстојните Божиќни празници. Во фокусот на кампањата се наоѓа спотот “Joy Ride” – забавен краток филм кој што ја доловува суштината на пријателството што ги надминува генерациите, истовремено нагласувајќи колку радоста се засилува кога ја споделувате со саканите.
Кампањата раскажува за три постари жени и доживотни придружници, кои повторно ја разгоруваат возбудата на санкање по снежен рид. Проследена со инструментална изведба на „In My Life“ на The Beatles, приказната се расплетува кога трите пријателки, седнати на клупа во парк, гледаат како децата и тинејџерите се спуштаат со санки по ридот.
Забележувајќи нијанса на тага кај другите, една од жените тајно нарачува неколку удобни седишта за санкање преку мобилната апликација на Amazon. Ова доведува до носталгично возење додека триото се навраќа кон едно минато и побезгрижно време.
Кампањата е осмислена од внатрешниот креативен тим на Amazon, а реализирана во соработка со продукциската куќа Hungry Man.