Во својата нова Super Bowl реклама, Amazon се реши да замисли свет во кој гласовниот асистент Alexa е отелотворена во ликот на холивудскиот актер и режисер Мајкл Б. Џордан.
Рекламата отпочнува со сцена во која група на вработени во Amazon се воодушевуваат на новиот префинет изглед на Alexa. Но, една од нив, откако низ прозорецот на канцеларијата ќе забележи автобус брендиран со ликот на Џордан, почнува да фантазира како би било доколку Alexa се наоаѓа во телото на актерот.
Таа си замислува серија на вообичаени ситуации во кои секојдневно се употребува гласовниот асистент, но сега стануваат романтично необични со присуството на Џордан – на големо хумористично незадоволство на вистинскиот партнер на фантазерката.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Lucky Generals и претставува шестта по ред реклама на Amazon по повод Super Bowl.