На интернетот започнаа да кружат шпекулации дека наскоро најголемиот онлајн трговец во светот Amazon планира да влезе „наголемо“ во светот на криптовалутите.
Шпекулациите излегоа откако се појавил оглас за вработуавање во кој компанијата барала лидерски работни позиции за “криптовалути и блокчејн”.
Потоа, инсајдер од Amazon во изјава за лондонскиот бизнис магазин City A.M. посочила дека компанијата ќе започне да прифаќа плаќање со биткоини до крајот на годината.
Сé на сé, Amazon имале во план да ги интегрираат осумте најпопуларни криптовалути во светот, вклучувајќи ги Етереум, Кардано и други, покрај Биткоин.
Потоа, целта на компанијата е да создаде сопствена криптовалута. Ваквиот проект, според веб-сајтот Input, треба да добие своја конректна форма во 2022 година.
Притоа, се шпекулира дека може да функционира на принципот на програма за лојалност, односно дека Amazon ќе ги наградува своите најверни потрошувачи со криптовалутни токени.
Ваквата визија за индината на платформата наводно дошла директно од основачот Џеф Безос.