Технолошкиот гигант Amazon објави нова реклама за својот гласовен асистент Alexa, насловена „Cowboy“ („Каубоец“), во која гледачите ги носи на Дивиот Запад.
Рекламата ја следи веќе познатата формула на рекламите за Alexa, според која некоја личност од денешноста се „транспортира“ во драматична ситуација од минатото или во некој фантастичен свет.
Во овој случај, гледаме двајца каубојци кои се спремаат за дуел, но во тоа се прекинати од жена која лежи на кауч, грицка пуканки и се обидува да го слушне дијалогот. Таа појаснува дека има потешкотии со слушањето, па ги замолува ако може тие да бидат појасни.
Со цел да ги задоволат нејзините барање, каубојците вадат натписи со репликите од својот дијалог, па дури ја појаснуваат и „тензичната“ позадинска музика.
Но, во следната сцена гледаме дека жената всушност се наоѓа во својот дом, гледа вестерн филм и го замолува гласовниот асистент Alexa да вклучи превод на филмот и да го намали амбиенталното светло во собата.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Droga5.