Амазон е веќе на добар пат да стане трета сила во светот на огласувањето, упаѓајќи во царството на Фејсбук и Гугл
Со растот на приходите од огласувањето на интернет, особено во САД, Амазон наводно се подготвува да воведе некои нови производи за огласување во своето портфолио во 2018 година, со што компанијата ќе направи уште еден голем чекор во приближувањето до Фејсбук и Гугл.
CNBC објави дека Амазон планира да продава реклами надвор од веб-страницата на Амазон и производите. Извештаите покажуваат дека Амазон работи со компании за мобилно огласување, како што е Карго за да се поврзе огласувањето на ТВ и мобилните екрани.
Други експерименти на платформата, наводно, вклучуваат фокусирање на пребарувањето во е-трговијата и видео производи.
Амазон сеуште молчи кога станува збор за нивните планови за кои веќе долго време се шпекулира, а наводно го зголемиле бројот на вработени во областа на огласувањето.
Амазон е веќе на добар пат да стане трета сила во огласувањето, што е причина многумина да веруваат дека дуополот на Facebook и Google во оваа област следната година да стане олигопол.