Американскиот гигант Amazon во 2020 година забележал намалени расходи за огласување во вредност од 100 милиони долари, што претставува прво вакво намалување после 17 години.
Расходите за „Огласување и други промотивни трошоци“ на Amazon во 2020 година изнесувале околу 10.9 милијарди долари, претставувајќи пад помал од 1% во однос на вкупните 11 милијарди долари во 2019 година.
Последен пат кога компанијата забележала пад во овој параметар била 2003 години, кога нејзините вкупни расходи за огласување изнесувале „само“ 109 милиони долари.
Сепак, вкупните трошоци за маркетинг на компанијата, од кои дел е и огласувањето, забележале раст од 17%, достигнувајќи 22 милијарди долари.
Благодарение на сé поголемата побарувачка за онлајн трговија во услови на глобална пандемија, годишните продажби на Amazon пораснале за 37%, достигнувајќи 386 милијарди долари. Од нив, 263 милијарди долари биле остварени во САД, 29.6 милијарди во Германија и 26.5 милијарди во Обединетото Кралство.
И покрај минималниот пад во расходите за огласување минатата година, Amazon е на добар пат да стане најголемиот огласувач во светот, по растот на своите буџети за огласување од 30% во 2018 година (на 8.2 милијарди долари), односно 34% во 2019 година (на 11 милијарди долари).