Ова е најголемата инвестиција во историјата на Амазон и ново поглавје во работењето на глобалниот гигант
Дури 13,7 милијарди долари ќе плати Амазон за превземање на Whole Foods Market франшизата и ланецот на трговија за здрава храна, кој работи на дури 460 локации во САД, Канада и Велика Британија. Ова е апсолутно најголемата инвестиција на Амазон која сеуште не е потврдена, бидејќи завршниот збор ќе го има американската Комисија за хартии од вредност, која ќе мора да го одобри ова превземање.
Иако, секако, никој не се сомнева дека на крајот Whole Foods Market ќе стане дел од портфолиото на Амазон, но ќе продолжи да работи под досегашниот бренд, а и диригентската палка ќе остане во рацете на досегашниот главен директор, John Mackey. Амазон во последната година, во своето работење воведе многу новитети, со што јасно покажува дека ги следи трендовите на пазарот и води сметка за новите бизнис прилики.
“Милиони луѓе го обожаваат Whole Foods Market заради нивните фантастични понуди на природна и органска храна, тие успееја здравата храна да ја направат исклучително збавна и да ја приближат до сите”,изјави челниот човек на Амазон, Jeff Bezos. Според неговите зборови, ова е сјаен потег за Амазон бидејќи “Whole Foods Market веќе речиси четири децении ги прави своите купувачи задоволни, па нашата намера е да продолжиме токму во тој правец,со задржување на сите постоечки квалитети и унапредување на понудата со нови”.
Како точно превземањето од страна на Амазон ќе се рефлектира на работењето на Whole Foods Market во овај момент нема никаква информација, но речиси сите аналитичари се уверени дека Амазон со влегувањето на пазарот на здрава храна, целата приказна ќе ја подигне на сосема ново ниво.