Американскиот технолошки гигант Amazon, кој воедно се смета за најголем огласувач во светот, започна ревизија на својот глобален медиски договор.
„Како дел од нашиот вообичаен начин на работа, ние рутински ги ревидираме постоечките деловни односи со нудителите на услуги и партнерите и врз основа на тие ревизии, може да одлучиме да побараме предлози од нудителите на услуги што се заинтересирани да работат со нас. Со нетрпение го очекуваме процесот на предлози во овој случај и ќе ги оцениме вистинските следни чекори за нашите бизниси откако ќе ги разгледаме поднесените предлози“ – објаснуваат од Amazon.
Вкупната вредност на глобалните медиски инвестиции на Amazon се проценува на околу 20.6 милијарди долари, кои одат за промоција на широкиот асортиман на услуги што ги нуди компанијата, вклучувајќи онлајн трговија, стриминг услуги, веб услуги и многу повеќе.
Се очекува дека сите поголеми маркетинг групации ќе се борат да добијат дел од медискиот договор на Amazon.