Моќен документарен филм за современиот сведок Станислав Залевски, насловен како „Амбасадор на сеќавањето“, премиерно ќе биде прикажан во кино Cineplexx во Скопје, на 25-ти октомври годинава, со почеток во 20:00 часот.
Залевски е речиси 100-годишен човек кој преживеал три нацистички концентрациони логори. Тој вели: „за да живеам нормално и креативно, се трудам да не размислувам за случувањата во логорот. Најдов метод кој работи за мене. Ги спакував моите мемории во водоотпорна кутија, ја завиткав со јаже и ја фрлив во вода. И повремено ја извлекувам, на пример за денешниот настан, но по користењето на содржината, ја фрлам кутијата назад во вода“. Преку овој трогателен филм, Залевски се навраќа на своите спомени, споделувајќи ја својата приказна со публиката во документарецот во режија на Магдалена Желаско. Филмот е продуциран од австриската асоцијација на филмскиот фестивал LET’S CEE.
За филмот
Роден во Варшава на 1 октомври 1925 година, Залевски го преживува ужасното искуство од три нацистички концентрациони логори откако бил уапсен на 17-годишна возраст поради отпор на режимот во Полска, во периодот кога била окупирана од Германија. Како и многумина преживеани, тој се борел со себе да зборува за своите болни искуства долги години.
Документарецот ја следи биографијата на Залевски, реконструирајќи го неговиот наратив преку фотографии, документи и посети на местата каде што поминал вкупно 600 дена – најпредизвикувачките години од неговиот живот. Во 100-минутната презентација, овој харизматичен сведок ги раскажува неговите трауматични искуства и секојдневните изненадувачки аспекти од животот во концентрациониот логор.
Без разлика дали на Маршот на живеењето во Аушвиц-Биркенау, на комеморација во Маутхаузен или при посетата на концентрациониот логор Гусен, сосема очигледно е колку Залевски е сериозен кога станува збор за принципот „Никогаш повеќе“. Тој останува активно ангажиран како претседател на полското здружение на поранешни затвореници од политичките затвори и концентрационите логори на Хитлер.
„Ќе живееме се додека има некој што не памети. Јас сум среќен човек. Но, среќата не паѓа од небо. Тоа не е подарок. Не е дар. Мора да работите за среќа. И како што реков, само друга личност може да ни даде среќа. Замоците нема да го направат тоа, ниту, пак, дијамантите, ниту јахтите и автомобилите. Само друга личност. Затоа, човек треба да биде човек за друго човечко суштество. И тоа е среќата“, апелира Залевски.
Како еден од последните активни современи сведоци на концентрациониот логор Гузен во Горна Австрија, Залевски е посветен на поставување соодветен споменик на ова место на нацистичките злосторства, поглавје кое долго е занемарено во австриската историја.
Во однос на иднината на човештвото, овој современ сведок објаснува: „секогаш кога доаѓам овде, мислите ми се враќаат една по друга. Поточно, дека луѓето не извлекле никакви заклучоци. Не научиле никакви лекции за иднината од она што се случило овде. За тоа сведочат инциденти и настаните што се случуваат низ светот. Да ја земеме источната граница; да ја земеме Африка или другите земји. Таму се случуваат работи кои одземаат стотици, дури и илјадници животи. Што е ова? И сето тоа за целта на една личност која смислила идеологија и сакам според таа идеологија, да владее над другите. И што е тоа? Тоа е непочитување на една личност од друго човечко суштество. Ако вака продолжи, тогаш не знам по кој пат ќе оди светот.
Детали за скрининг
По австриската премиера на „Амбасадор на сеќавањето“ на симболичниот датум 1 септември, филмот се прикажува во кината Cineplexx во повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, каде што премиерно ќе биде прикажан во Cineplexx Скопје на 25 октомври. Благодарение на поддршката на Cineplexx International, најголемиот кино-оператор во Австрија и регионот на Југоисточна Европа, филмот ќе се прикажува и во други земји, меѓу кои и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија и Словенија, почнувајќи од Јануари 2025. Неодамна документарниот филм беше прикажан во Јужен Тирол (Cineplexx Bozen) и Србија (Cineplexx Galerija во Белград и трговскиот центар Cineplexx Ušće).
Образовни иницијативи
Во сите овие земји, филмот ќе биде достапен како дел од целогодишните училишни кино програми, со значително намалени цени на билетите за училишните групи и бесплатен влез за наставниците придружници. Оваа иницијатива има цел да ја вклучи помладата генерација во разбирање на историјата за да спречи повторување на грешките од минатото.
Кинематичкото патување на Станислав Залевски претставува единствена можност публиката да се солидаризира против фашизмот, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата. Присутните ќе го напуштат киното трогнати и сигурни во тоа да се погрижат ваквите трагични случувања никогаш да не се повторат.
Залевски ќе учествува на одбрани филмски проекции преку видео конференција од Полска, одговарајќи на прашања од публиката. Тој и режисерката Магдалена Желаско, која лично ќе присуствува на премиерата на црвениот тепих во Северна Македонија, се достапни за прашања кои би ги интересирале новинарите, вклучувајќи и интервјуа. За повеќе информации, посетете ја страницата: https://never-again.site/mk
Маркетинг365 подарува две карти за проекцијата на филмот (25 октомври, кино Cineplexx – Скопје, 20 часот). Сите заинтересирани треба да ни испратат детали во приватна порака на нашата Фејсбук страница, а картите ќе бидат доделени по случаен избор.