Кога бев само дете, татко ми ми кажа дека успесите и неуспесите се мерат преку едноставната способност за следење на правилата.
Со текот на растењето некои од тие правила станаа многу поочигледни за мене отколку што беа да речеме кога бев 8 години.
Некои од ”бенчмарковите” на возрасната доба беа: оди на факултет, најди работа, основај свое семејство.
Некои од овие силуети за успехот станаа понејасни со текот на времето. Што е семејството реално? Што значи да се има добра работа во свет каде сигурноста не може да се очекува? Соочен со изборот- напушти ја “работата од соништата“ и одбери ја таа што ја сакаш – која е вистинската одлука?
Поголемиот дел од овие прашања се премногу комплицирани за еден бренд да се обидува да одговори на ниввниот предизвик. Рекламирањето значи креирање на приказна која трае неколку секунди и има за цел да биде јасно разбрана и запаметена.
Многу од овие тематики се однесуваат на најновата кампања на Mercedes-Benz – “Grow Up,” амбициозен проект чии содржини ќе успееме да ги гледаме во текот на целата година.
Креиран од агенцијата Antoni – Berlin, и продуциран од страна на Iconoclast со дигитална асистенција на Pixelpark AG, кампањата ќе отпочне со емитување во текот на овој месец со трејлер во кој се појавува познатиот рапер A$AP Rocky, кој ќе се појави и во други приказни од оваа кампања.
Видеото започнува со: ‘’Како што се бројат годините, животот се врти околу следењето на неколку едноставни правила.’’
https://www.youtube.com/watch?v=nFnoLpKrTyE
Во следните 5 видеа се прикажуваат различни правила за возрасниот живот додека се демонстрира колку само е тешко да се живее нештото не само да се кажува за него. Mercedes јакористи шансата преку видеата да нагласи како неговиот пазар на таргетирани купувачи се менува.
Покрај раперот A$AP Rocky, во видеата се појавуваат познати ликови како актерката Lucy Walters, актерката и продуцент Julia Morrison, актерката/директор Anna Zahn, и актерот John Rue.
A$AP Rocky се појавува во видеото “Get a Job,” заедно со CLA Coupé, ова видео е можеби најкраткото во серијалот и трае околу 2:25 минути.
https://www.youtube.com/watch?v=jACeUBJIdZE
4:19, “Spend Time with Family” е приказната за Natasha и Kate, некогаш неразделна двојка која сега се соочува со одлука која може да ги раздели или да ја подобри шансата за нивната врска. Приказната е добра илустрација за еволуцијата на обврзувањето.
Сепак не станува збор за љубовна врска туку за пријателство иако целокупната приказна наликува на љубовна.
“Be a Good Parent” е спот кој се однесува на постар корпоративен и конзервативен човек Тоmas, кој го лаже својот син кој нема сериозна работа да дојде и да го посети. ‘’Дали си се обидел доволно за да добиеш сериозна работа?’’. Иако овој спот на почеток не изгледа како најдобар пример како да се биде родител, сепак станува збор за еден од најуспешните спотови и приказни на кампањата. Врската помеѓу таткото и синот е приказна која брендот го прикажува во светот на динамиката, прогресивното размислување, модерното живеење со помош на целокупниот идентитет на брендот Mercedes-Benz.”
Кога станува збор за модерен пристап, “Settle Down” е приказна за Dominic, кој мора повторно да го изгради својот живот без жената која ја сака. Тој жали за разделбата со саканата во изолација …Приказната донесува нова перспектива на врските…
Последно, “Start a Family” е спот чија приказна говори за пар кој започнал со пријателска врска ‘’со бенефити’’ и чии актери стануваат родители. Што ова значи за нив, и кои се тие како индивидуалци? …