Американскиот авио-превозник American Airlines соопшти дека како дел од својата понуда за забава на патниците ќе го озвоможи бесплатното следење на TikTok.
Имено, покрај вообичаените филмови и серии, патниците на American Airlines сега ќе можат да поминат 30-минути од своето време при летање во гледањето на TikTok видеа.
Поради забраната за вообичаените телефонски и интернет сигнали на авионот, TikTok ќе биде овозможен благодарение на посебниот сателитски сигнал кој го обезбедува американската комуникациска компанија Viasat.
Патниците ќе можат едноставно да се логираат на својот профил на TikTok или пак бесплатно да ја симнат апликацијата при самиот лет.
Претходно, American Airlines има склучено партнерство со Facebook Messenger за да им овозможи на патниците да испраќаат интернет пораки за време на летање.
„Клиентите ја имаат главната улога кога треба да ни помогнат подобро да разбереме какви содржини сакаат за време на нивното летечко искуство, а TikTok е една од платформите кои ги сакаат на земјата, па а така сме воодушевени што ќе соработуваме со Viasat за да им овозможиме на патниците бесплатен пристап до TikTok и кога тие се во воздухот“, истакна Клариса Себастијан, директор за корисничко искуство во American Airlines.