Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје во рамки на UACS Enterprise прорамата, чија цел е да ја прикаже подготвеноста на колеџот за овозможување квалитетна едукација која се базира на пренесување применети вештини, прилагодени корпоративни едукациски решенија согласно потребите на бизнис заедницата преку комбинација на локална и меѓународна експертиза, организира обука на тема „Вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки”.
Обуката ќе ја спроведе проф д-р Виторио Де Педис – Предавач со меѓународна експертиза од областа „Решавање на проблеми и донесување на одлуки за големите европски корпорации“.
Обуката е наменета за:
– Менаџери кои имаат големи супервизиски одговорности
– Лидери на тимови во поголеми компании
– Професионалци на кои им е потребно солидно разбирање за процесот на донесување на одлуки
Како што најавуваат од организаторот, курсот е интерактивен и со фокус на индивидуално подобрување на вештините на секој од учесниците. Вештините и техниките се совладуваат низ дискусија, примери од искуство, студии на случај и практична примена на сите научени техники во куси задачи.
Сите учесници ќе добијат и конструктивна повратна информација за надминување на слабоститe и истакнување на потенцијалитe.
Обуката ќе се оддржи на 18,19 и 20-ти Март и секој учесник ќе добие сертификат од признатата образовно-истражувачка институција.
За повеќе информации околу обуката можете да го посетите веб сајтот : http://www.uacs.edu.mk/enterprise , или Вашите прашања да ги упатите на следнава e-mail адреса ExecEd@uacs.edu.mk :
За предавачот:
Де Педис е искусен предавач на тренинзи за менаџери како приватно банкарство, корпоративни финансии и финансиски пазари како и специјализирано образование за менаџери на италијански и меѓународни компании и банки. Тој исто така предава курсеви за менаџери во областите Решавање на проблеми и донесување одлуки за големи европски корпорации. Проф. ДеПедис е шеф на катедрата за корпоративни финансии на ЕСЦП Европа (ESCP Europe, Torino Campus), вонреден професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) и професор по претприемништво и личен капитал на Универзитетот во Рим.