Со својата традиција од 150 години, амстердамскиот пивски бренд Amstel прерасна во еден од најпрепознатливите пивски имиња во светот. Брендот е присутен во 115 пазари ширум светот, секој со свои локални карактеристики, поради што Amstel досега мораше да го прилагодува својот идентитет во однос на нив. Ваквата ситуација резултираше со недостиг на визуелна кохерентност за брендот на глобално ниво, состојба која компанијата се надева дека ќе ја надмине со својот нов глобален визуелен идентитет откриен деновиве.
Новиот изглед на брендот Amstel е остварен во соработка со агенцијата Elmwood London. Агенцијата го започнала процесот со истражување во богатите архиви на брендот, со цел да ја извлече неговата историска специфичност, при што фокусот бил насочен кон иконичното црвено-бело лого на Amstel. Резултатот е дизајн кој ќе биде препознатлив насекаде но светот, но сепак флексибилен во однос на различните локални потреби на компанијата.